Ивановска: Како ќе им објасните на сиромашните граѓани дека за 35 години независност се троши над милион евра за светска ѕвезда?

June 1, 2026
1 min read

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, смета дека јавноста има право да знае колку ќе чини прославата за 35-годишнината од независноста на државата и кои институции ќе бидат задолжени за нејзината организација.

Во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма, Ивановска порача дека граѓаните заслужуваат целосна транспарентност околу трошоците и придобивките од најавената прослава.

„Народот заслужува да добие информација колку ќе чини и што ќе добие за тие пари. Престижно е тие луѓе да дојдат во државата и да одржат концерт, убаво е да се слават 35 години независност, но треба да се излезе и да се каже кое министерство за што ќе биде задолжено“, изјави Ивановска.

Таа го отвори и прашањето за оправданоста на ваквите трошоци во услови на висока јавна задолженост и намалена куповна моќ на граѓаните, посочувајќи дека е потребен баланс меѓу свеченото одбележување и економската реалност.

„На кои луѓе кои се сиромашни ќе им објасниш дека ќе доаѓа светска ѕвезда која не чини под милион евра? Малку треба да се консолидираат работите. Граѓанинот можеби ќе земе воздишка тој ден, но дали ќе има достоинствен живот низ цела година, тоа е друго прашање“, рече Ивановска.

Таа додаде дека покрај ангажирањето странски музички имиња, треба да се размисли и за поголемо вклучување на домашните музички легенди во одбележувањето на јубилејот, со цел да се постигне соодветен баланс меѓу трошоците и јавниот интерес.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Официјално објавени промените што ќе стапат на сила веќе на СП 2026!

Следно

Нови документи за случајот Епштајн: Како бил поставен Манделсон за британски амбасадор во САД

Latest from Blog

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од
Go toTop