Италијанската битка против масовниот туризам

August 11, 2023
1 min read

Венеција летово почна да ги применува мерките за дисциплинирање на туристите кои ги најавуваше неколку години: забрането е да се шеташ по купаќи, забрането е да се џиткаш во каналите, забрането е седење по тротоари, мостови и фонтани….

Да ги разбере човек: во 2019 година имаа 5,5 милиони посетители: 100 пати повеќе од популацијата во градот.

Од следната година Венеција и ќе наплаќа за влез на оние кои немаат резервирано преспивање. 

Италија годинава веројатно ќе го сруши својот туристички рекорд. Се очекуваат 68 милиони туристи, три милиони повеќе отколку пред пандемијата. 

Островите Лампедуса и Лионоса (меѓу Сицилија и Северна Африка) како и островот Просида во неаполскиот залив забранија автомобили. Просида годишно го посетуваат 600.000 туристи а се работи за островче од 4 квадратни километри.

Јужен Тирол воведе лимит на бројот на кревети кои се нудат на туристи.

Во живописното крајбрежно место Портофино, не многу далеку од Џенова, воведени се „црвени зони“ во кои можете да бидете казнети  со 275 евра ако застанете да правите селфи. Во центарот на местото забрането е да одите боси или со голо торзо.

„Не сакаме да ги одвратиме луѓето да ни доаѓаат, само сакаме да сфатат дека секој треба да придонесе Портофино да остане убаво и пријатено место,“ вели градоначалникот.

Како локалци ги доживуваат туристите, читнете во колумната „Јебо вас туризам“ на Борис Дежуловиќ.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турска вечер на Охридско лето со триото „Векандо“

Следно

Полска: 14.000 луѓе евакуирани поради неексплодирана бомба во градот Љублин

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop