„Италија нема да праќа војници во Украина“

November 26, 2024
1 min read

АТИНА (АА) – Италија денес соопшти дека нема да праќа свои војници да се борат во Украина поради извештаите за англо-француските планови за распоредување војници во земјата, објавија италијанските медиуми, јавува Анадолу.

„Ние му помагаме на Киев политички, финансиски и воено со праќање помош, но нема да праќаме војници да се борат во Украина“, изјави министерот за надворешни работи Антонио Тајани за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-7 во градот Фиуџи, според државната новинска агенција АНСА.

Тајани, исто така, ја предупреди Русија да не ја ескалира војната во Украина со ангажирање странски војници и платеници.

„Мора да избегнеме ескалација. Русија презема сериозна одговорност со вклучување севернокорејски војници во војната и регрутирање Хуси и ирански полномошници“, рече тој.

Вчера францускиот весник „Монд“ објави дека се обновени дискусиите за праќање западни трупи во Украина.

Повикувајќи се на британски воен извор, весникот наведува дека Париз и Лондон разговараат за одбранбена соработка, особено со цел да се создаде тврдо јадро на сојузници во Европа фокусирани на Украина и пошироката европска безбедност.

На 23 ноември францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро во интервјуто за Би-би-си рече дека „западните сојузници не треба да поставуваат никакви ограничувања на поддршката за Украина против Русија и „да не поставуваат црвени линии“.

Запрашан дали тоа би можело да значи и француски војници на бојното поле, тој рече: „Не отфрламе ниедна опција.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми, што е најчесто резултат од недовербата во институциите

Следно

Бајрактар ТБ3 успешно продолжува со тестовите на брод

Latest from Blog

Илјадници луѓе протестираат пред Палатата на правдата во Белград

Протест се одржува доцна попладнево во Белград пред Високото јавно обвинителство (ВЈТ) поради апсење студенти. Сообраќајот е блокиран и во близина на Автокоманда, и населбите Земун и Вождовац и попречено е одвивањето

Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со Борусија Дортмунд

Крилниот напаѓач Џејми Бејну-Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со сегашниот клуб Борусија Дортмунд. Бундеслигашот ја потврди веста од нивниот камп во Флорида. Тој ќе им се

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката

Град Скопје: Обвинителството ја почна постапката по првата пријава за Општина Чаир

Градот Скопје денеска соопшти дека Обвинителството ја започнало постапката по првата пријава за градби во Општина Чаир. – Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму веќе се
Go toTop