Истрагата за смртта на Метју Пери при крај

June 26, 2024
1 min read

Истрагата за смртта на американскиот глумец Метју Пери е при крај и полицијата верува дека треба да бидат обвинети повеќе луѓе, изјави полициски извор за списанието „Пипл“ (People).

Ѕвездата на „Пријатели“ почина во октомври 2023 година. Првично се мислеше дека неговата смрт е случајна, но извештајот од обдукцијата покажа дека тој починал од акутни ефекти на „Кетамин“ и давење. Според цитираниот извор, американското Државно обвинителство периодов ќе ја донесе конечната одлука дали ќе поднесе, или не, обвинение. Правобранителството соопшти дека засега „нема коментар“ за написите за случајот.

Во декември, судскиот вештак во Округот Лос Анџелес ја затвори истрагата за смртта на Пери, но во мај оваа година, полицијата повторно ја отвори истрагата за да утврди кој му дал „Кетамин“ на глумецот. Минатата недела истрагата доби нов тек, кога е пребарана куќата на позната јавна личност – жена, а одземени ѝ се мобилен телефон и лаптоп.

Со засега неименуваната жена извршени се повеќе полициски разговори откако Полицискиот оддел на Лос Анџелес постигнал „значаен напредок во нивната истрага што почна во мај“, изјави неименуван извор за „Ин тач“ (In Touch).

Неименуваната жена „целосно соработувала“ со органите на законот. Изворот навел дека жената и ѕвездата на „Пријатели“ претходно се запознале на рехабилитација, каде што започнало „неочекувано пријателство“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мбапе го нарече Левандовски „кучкин син“

Следно

Дали големите ветувања ќе го станат здравството од постела?

Latest from Blog

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04
Go toTop