Истрага против 52-годишен дилер на дрога и психотропни супстанции во Скопје

October 12, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за две одвоени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 27 септември, под возачкото седиште во автомобил, осомничениот 52-годишник држел пет ќесички марихуана со вкупна маса од 18,83 грама.

Потоа,  во текот на вчерашниот ден, полициски службеници извршиле претрес во уште два автомобила и во гаража на осомничениот, каде пронашле околу 125 грама марихуана во повеќе пакувања, семки од канабис, 3 ќесички кокаин, 1 ќесичка хероин и вкупно 18 таблети психотропна супстанција МДМА наменети за неовластена продажба. Наркотичните супстанции, заедно со две дигитални ваги со траги од дрога, се запленети.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, а во исто време очигледно е дека осомничениот го повторува делото. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Богата програма на годинешната „Недела на италијанскиот јазик во светот“

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ целосно ги промашила проценките за економијата и сега наместо раст Владата враќа нивни долгови, неспособноста завршува со нив!

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема
Go toTop