Истанбул – древен град што не спие

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА)

– Мухамед Генџебај ГУЕ

Со својата стратегиска локација, улогата во историјата, туристичките атракции, архитектонските дела и стотици векови културна акумулација, Истанбул е позициониран како еден од градовите во светот во кој животот трае 24 часа на ден, како во Њујорк, Дубаи, Москва, Пекинг, Каиро, Атина…, известува Анадолу.

Древниот град Истанбул е извор на инспирација за многу поети и филмови што се снимени во него.

Наоѓајќи се на единствената положба во светот, каде што се соединуваат азискиот и европскиот континент, Истанбул ги фасцинира своите посетители со природни убавини, облакодери, минариња, позлатени куполи и историски градби.

Импресионира со својот носталгичен трамвај, мостовите што сјаат во текот на ноќта, сирените на траектите што се мешаат со звуците на галебите, величествените повеќевековни џамии и цркви и рибарите што секогаш ловат риба на мостот Галата.

Тоа е древен град што ја носи титулата единствен град во светот низ кој минува море и има копно на два континета. Продолжува да е град на трговијата и има повеќевековна богата култура благодарение на својата стратегиска положба во која се преплетуваат морските, копнените и воздушните патишта.

Познат е и како град „што никогаш не спие“. На неговите улици секогаш има луѓе, секогаш нешто се случува и поради тоа е омилена дестинација на туристите од целиот свет.

Секој дел од Истанбул, кој со столетија беше дом на голем број цивилизации, сведочи за богатата историја и има своја приказна.

Суричи, во истанбулскиот кварт Фатих, најстариот локалитет, бил центар на градот како најважно трговско место во текот на османлискиот период.

Таксим и Ускудар се едни од најпрометните делови на Истанбул.

Кога навечер е осветлен, Истанбул се истакнува со своите тврдини, како и знаменитости, како што се кулата Галата и џамијата Чамлиџа, а животот во него продолжува без прекин, и дење и ноќе.

Според туристичките статистички извештаи, минатата година Истанбул бил домаќин на повеќе од 16 милиони туристи, од кои 35,95 % биле странски посетители.

Истанбул, еден од градовите со најбогата верска и етничка разновидност во светот, привлекува големо внимание со своите космополитски квартови, како што се Балат, Фенер, Караќој и Кузгунџук, каде што луѓе од различни раси живеат заедно со векови.

Секојдневно илјадници луѓе ги следат чекорите на многу култури во градот, каде што синагогите и црквите стојат една покрај доруга, како и џамиите, како што се Сината, Сулејмание и Аја Софија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Претходно

Пендиков дојде во охридскиот суд, но рочиштето се одложи: Кажа дека добивал смртни закани

Следно

Ракитиќ задоцни на официјалниот тренинг пред финалето и ги изнасмеа соиграчите (ВИДЕО)

Latest from Blog