Ракитиќ задоцни на официјалниот тренинг пред финалето и ги изнасмеа соиграчите (ВИДЕО)

May 31, 2023
1 min read

Пристигнувањето на Мендилибар на клупата на Севилја значеше и враќање на Иван Ракитиќ во стартната постава на овој тим, нешто што се покажа како вистински погодок во овој завршен дел од сезоната.

Севилја се бореше за опстанок во Ла Лига пред доаѓањето на искусниот стручњак, но не само што лесно обезбеди прволигашки статус, Мендилибар го однесе тимот и во големото финале во Лигата на Европа.

Ракитиќ како еден од најискусните се очекува да има важна улога на теренот вечерва во Будимпешта, но во најавата за финалето, го привлече вниманието со својот потег на последниот тренинг.

Вчера двата тима имаа можност да ја почувствуваа за првпат „Пушкаш арената“, а тренингот на Севилја започнал со мало одложување.

Ракитиќ задоцнил на предвидениот тренинг и направил да биде чекан од целиот стручен штаб и соиграчите, па приреди необична ситуација која ги насмеа сите на теренот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истанбул – древен град што не спие

Следно

САНИРАН ШТИПСКИОТ СПОМЕНИК НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ВО РЕВОЛУЦИЈАТА И БОРБАТА ПРОТИВ ФАШИЗМОТ

Latest from Blog

Лаутаро: Гласините за мој трансфер во Барса беа вистинити!

ФОТО: Inter/FB Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, конечно го прекина молчењето за постојаните шпекулации што го поврзуваат со трансфер во Барселона, потврдувајќи дека интересот на каталонскиот клуб е реален. Во изјава за

Божиновска во Солун: Македонија активно се вклучува во регионалните енергетски процеси

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска и утре престојува во Солун, каде ќе учествува на 6. Метрополитен самит „Во пресрет на 2030 година: поврзаност и раст за Југоисточна

Јосиба Медикал поставува нов стандард во професионалната опрема за медицинските кадри

Со селектирани светски брендови, повеќедецениска експертиза и понуда развиена според реалните потреби на здравствените работници, новиот специјализиран снабдувач гради долгорочно партнерство со медицинската заедница. Почетокот на работа го одбележува со попусти и
Go toTop