ИСПИШАВМЕ ИСТОРИЈА СО „ЈОН ВАРДАР“, КАЖА РЕЖИСЕРОТ ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ ПО СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА НА ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ДОЛГОМЕТРАЖЕН АНИМИРАН ФИЛМ ВО ШПАНИЈА

October 7, 2024
1 min read

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата” викендов ја имаше својата светска премиера на 57. издание на Фантастик филм фестивал во шпанскиот град Ситџес, еден од најголемите и најстари жанровски фестивали во светот. Филмот, чиј режисер и сценарист е Гоце Цветановски, беше прикажан во фамилијарната секција, а ќе има уште една проекција на фестивалот, на 11 октомври. Од 1 ноември ќе се прикажува во киносалите низ Македонија.

Цветановски, кој имаше и кусо обраќање, вели дека капацитетите на салата беа исполнети, главно со најмладата публика.

Кога им кажав на децата дека се првите во светот кои ќе го гледаат филмот, тие реагираа со воодушевување. Премиерата ги оправда очекувањата. Ми беше драго што и децата и нивните родители уживаа во филмот и се смееја на глас. Во публиката имаше и Македонци од Барселона кои допатуваа во Ситџес за да го проследат филмот. Факт е дека со ‘Јон Вардар‘ напишавме историја и верувам дека имаме производ со кој можеме да се гордееме“, рече Цветановски.

Филмот е најавен како хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од самите себеси.

Арт директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, директор на анимација е Димитар Ѓоргиев, а продуценти се Алан Кастиљо од „Линкс студио“, Ева Конрад, браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска, а другите гласови ги позајмуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.

Анимираниот филм е изработен со поддршка од Агенцијата за филм, со копродукции од Унгарија, Бугарија и Хрватска.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Меџити ќе и помага на Арсовска, најави шест нови еколошки автобуси за Скопје

Следно

„Џифони Македонија“: Промоција на CinEd – филмска едукативна програма и на групата млади филмски ентузијасти Aspirin Production

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop