„ИРД инженеринг“ потпиша договор за консултант и надзор за автопатите на коридорите 8 и 10-д што ќе ги гради „Бехтел и Енка“

February 2, 2023
2 mins read

Со потпишувањето на договорот почнува преговарачкиот процес со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10-д, а во текот на годинава се очекува да почнат и градежни активности

Јавното претпријатие за државни патишта и меѓународниот конзорциум „ИРД инженеринг“, денеска во Владата го потпишаа договорот за консултант и надзор на автопатите на коридорите 8 и 10-д што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Со потпишувањето на договорот почнува преговарачкиот процес со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10-д, а во текот на годинава се очекува да почнат и градежни активности.

Утре, управувачкиот комитет составен од претставници од институциите ќе одржи состанок, по што ќе стартуваат преговорите на работната група во соработка со избраниот консултант и надзор за проектот „ИРД инженеринг“.

Со потпишувањето на овој проект, на коридорите 8 и 10-д се планира изградба на повеќе делници.  

„Нашите стратешки планови се изградба на автопатските делници Требениште-Струга-Ќафасан во должина од 22,5 километри, Гостивар-Букојчани со должина од 30,1 километар, како и 27 километри на делницата Тетово-Гостивар. На коридорот 10-д ќе се гради делницата Прилеп-Битола со должина од 43,4 километри. Очекуваме оваа година да ја започнеме силната градежна офанзива за изградба на западниот дел од коридорот 8 и 10-д. Во буџетот на Министерството за транспорт и врски за оваа година веќе се предвидени 15 милијарди денари или околу 244 милиони евра за овој проект“,

рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Директорот на „ИРД инженеринг“, Паоло Орсини, пред потпишувањето на договорот рече дека ќе вложат напори за овие делници да бидат изградени со највисок квалитет.

„Ќе ги вложиме сите потребни напори за изградбата на четирите делници со највисок стандард и квалитет, коишто одговараат на квалитетот на патиштата што се градат во ЕУ. Немам сомнеж дека го имаме потребното знаење и експертиза за да обезбедиме највисоко ниво на надзорни услуги за да го завршиме проектот навреме и со висок квалитет“,

нагласи Орсини.

Според премиерот Димитар Ковачевски, кој присуствуваше на потпишувањето на договорот, ова е најголем капитален инфраструктурен проект во историјата на државата.

„Изградбата на автопатските делници на коридорот 8 и 10 е од клучно значење за подигнување на нивото на квалитет на патната инфраструктура и сообраќај, со што уште повеќе ќе ја истакнеме геостратешката позиција на Република Северна Македонија која преку изведба на овие проекти ќе стане неизбежна транспортна рута од значење на регионот, но и пошироко. Ова е најголем капитален инфраструктурен проект во историјата на нашата независна држава“,

рече Ковачевски.

Со него се сложи и првиот вицепремиер Артан Груби кој рече дека денеска е историски ден за Република Северна Македонија затоа што започнува изградба на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата, кој ќе биде многу значаен за сите граѓани, за целата економија и за регионалното поврзување.

„За утре е свикана седница на управувачкиот комитет каде што ќе се донесе одлуката да започнат преговорите помеѓу избраниот консултант и надзор „ИРД инженеринг“ и конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ќе ги гради двата коридора, 8 и 10-д“,

рече Груби.

„ИРД инженеринг“ беше избрана за консултант и надзор на автопатите од коридорите 8 и 10-д на тендер во декември минатата година.

Тоа беше втор тендер за таа намена откако првата постапка беше поништена бидејќи избраниот понудувач во предвидениот рок не ја обезбеди банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот.

Владата минатата година потпиша меморандум со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Првиот пораз на кралот Чарлс

Следно

Кина: Воената експанзија на САД во Азија ги влошува тензиите

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop