Инѕаги: Никогаш не престанавме да веруваме дека овој Интер е тим за големи нешта

May 17, 2023
1 min read

Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, го предводеше тимот до првото финале во Лигата на шампионите по 2010 година, кога генерацијата на Горан Пандев ја освои тројната круна.

„Нероаѕурите“ го елиминираа Милан со две победи (2:0 и 1:0), а во финалето го очекуваат подобриот од двомечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.

„Во следните неколку дена ќе сфатиме што постигнавме. На почетокот на сезоната тоа беше само сон, но ние верувавме во себе. Уште позадоволувачки е што во полуфиналето го елиминиравме градскиот ривал Милан. Можам само да им честитам на момците. Покажаа сила, решителност и концентрација. Победивме четири дербија по ред од јануари, а Милан е многу силен тим, беа шампиони минатата година. Сето ова не може да не нѐ израдува и заслужено славиме“, изјави среќниот Инѕаги.

Интер го издржа тешкиот дел од сезоната, а сега е дел од две финалиња.

„Одамна реков дека на секој натпревар и на секое натпреварување ќе пристапиме максимално посветено. По 1 април имаме натпревари на секои 48 или 72 часа, но сме во две финалиња и се враќаме на вистинскиот пат во Серија А. Знам каде имав поддршка во тешки времиња и од каде доаѓаа нападите. Благодарност до луѓето во стручниот штаб кои никогаш не престанаа да веруваат во мене. Заедно постигнавме одлични резултати и најинтересното допрва следи“, истакна тренерот на Интер.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Студија: Повеќе од 4,5 милиони луѓе загинаа во војни по терористичките напади на 11 септември во САД

Следно

Американски медиуми: Тајната служба го истражува упадот во домот на советникот за национална безбедност на Белата куќа

Latest from Blog

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За
Go toTop