Инвалидски колички и помагала за лицата со посебни потреби од општина Гази Баба

February 7, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски оддржа средба со претседателот на Здружението за лица со посебни потреби СОС ВИТА, Ертан Шакир, на која прими донација за лицата со посебни потреби од општина Гази Баба.

-Обезбедена донација од 20 едноставни инвалидски колички, 5 помошни помагала, патерици за лица со посебни потреби и 5 седишта за бања. Благодарение на Здружението за лица со посебни потреби СОС ВИТА обезбедена е донација на инвалидски колички, седишта за бања, помошни помагала и патерици кои се наменети за лицата со посебни потреби од општина Гази Баба, информираше градоначалникот Стефковски. 

-Во следниот период ќе направиме мапирање на лицата со посебни потреби и истите ќе ги посетиме со цел да им овозможиме полесно да ги реализираат своите секојдневни потреби. Општина Гази Баба се грижи за сите ранливи категории на граѓани. Нашата помош и поддршка ќе ја имаат сите оние на кои тоа ќе им биде потребно. Со срце за нашата Гази Баба, напиша Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

3.432 загинати во земјотресите што ги потресоа јужните делови на Туркије

Следно

Повреден работник на „Комунална хигиена“, камионот удрил во ѕид

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop