Интервјуто на Путин

February 9, 2024
1 min read

Разговорот почнува со речиси 30 минутен вовед на Путин во руска и украинска историја, и како Украина како територија отсекогаш била руска, но прифаќа дека на таа територија живее народ кој смета дека треба да има посебна држава.

Меѓу хајлајтсот од интервјуто е:

– Имавме мировен договор со Украина уште во 2022, ама Борис Џонсон, по наговарање на Вашингтон, ги убеди Украинците да се откажат и да продолжат со војна.

– Со овој договор Путин ги оправдува и поразите од 2022, објаснувајќи дека како дел од тој договор почнале самите да се повлекуваат од Киев и позициите од почетокот на војната.

– Русија е за преговори, ама Украина и Зеленски законски го спречиле тоа. Ќе треба прво да го решат тоа дома, па после се можни преговори.

– 1991 Западот вети дека НАТО нема да се шири. Не го испочитуваа тоа. На 5 пати се ширеа сè повеќе на исток.

– Им предложил на Американците да изградат заеднички, глобален, систем за одбрана од ракети со голем домет, го одбиле.

– Во 2000-та му предложил на Клинтон и Русија да влезе во НАТО. Дента се согласил, утредента американскиот претседател му рекол дека тоа е неизводливо.

– Америка на своја штета го користи доларот како оружје, и сега гледа како неговата сила слабее.

– Денацификација ќе биде завршена кога Украина со закон ќе го забрани славењето на Бандера и слични спорни ликови од Втората светска војна.

– Русија кога се повикува на меѓународното право и Повелбата на ОН за време на НАТО бомбардирањето на Србија, „сите збореа дека тоа е застарено, сега сите го бараат.“

– Америка го уништи Северен тек 2.

– Не е јасно зошто Германија упорно ја остава својата економија да страда од високите цени на гасот, кога во секое време може да побара да и биде испорачан руски гас. Има една активна цевка од Северен тек, гасоводот Јамал кој минува низ Полска е сосема употреблив, а низ Украина минуваат две линии кои исто така може да се искористат.

Во интервјуто меѓу другото, не се разговара ништо за Пригожин, обемот на руски жртви и загуби во војната или наводните руски воени злосторства во Украина.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска од 11 до 17 часот блокада на меѓународниот сообраќај на граничниот премин Меџитлија

Следно

Милевски: Целта е прво место во групата!

Latest from Blog

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

Коњановски: Битола е горда со Михаил, младиот битолчанец кој спаси тричлено семејство

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет се сретна со младиот битолчанец Михаил Николовски, кој неодамна спаси тричлено семејство во разбрануваното море на една од грчките плажи. Според раскажувањето на

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон
Go toTop