Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

July 4, 2026
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година.

– Да бидам чекор пооптимист, во првиот квартал од следната година очекувам да се синхронизира целосно нашиот национален со грчкиот национален гасовод – изјави Мицкоски, додавајќи дека проектот се реализира со сопствени средства, без кредити, заеми, донации или грантови.

Тој истакна дека паралелно се активираат и нови инфраструктурни проекти во гасоводната мрежа во земјата.

– Во тек се три нови проекти коишто се рестартираат: гасоводот Велес – Штип, Гостивар – Кичево и отсечка која од Тетово ќе се насочи кон Косово – рече премиерот.

Мицкоски посочи дека за делот кон Косово останува на косовската страна да одлучи дали ќе го продолжи развојот на трасата на своја територија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожарите во Штип и Пробиштип изгаснати, се истражува дали се подметнати

Следно

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop