Индонезиската болница во Газа целосно без струја откако остана без гориво

November 11, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Во моментите додека продолжуваат израелските напади врз блокираниот Појас Газа, Индонезиската болница во енклавата остана целосно без струја откако остана без гориво, јавува Анадолу.

Во болницата којашто се наоѓа во местото Џабалија на северот на Појасот Газа има илјадници ранети, болни и раселени Палестинци.

Генераторите престанаа да работат откако се исцрпија капацитетите на гориво, и болницата остана во целосен мрак.

Министерството за здравство во Газа на својот Телеграм профил објави соопштение и фотографија од болницата која остана без струја. Во соопштението се истакнува дека струјата, водата и комуникациите на Индонезиската болница на северот на Газа се целосно исклучени.

Атеф ал-Кахлут, директорот на Индонезиската болница, во изјава на 8 ноември рече дека имаат доволно гориво за само 24 часа и дека нивните активности потоа ќе престанат, доколку не добијат помош.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Трезор“: Обвинителството не побара застарување, туку го преквалификува делото, одбраната на Мијалков обвини за тенденциозност

Следно

Мицкоски: Извештајот на ЕУ никогаш не бил полош

Latest from Blog

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат
Go toTop