Вчера во Чаир бил нападнат полициски службеник со остар предмет.
– На 02.03.2023 околу 09.30 часот на ул.„Никола Малешевски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода П.С. од Скопје, затоа што со остар предмет нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Претходно, тој физички го нападнал и М.М.(54) од Скопје, информира МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ИЗВОР: skopjeinfo.mk