Имамот на Каба заплака за време на молитвата за Туркије и Сирија

February 18, 2023
1 min read

МЕКА (АА) – За време на молитвата за жртвите од земјотресот во Туркије и Сирија, имамот на Каба, шеикот Салих бин Абдула ел-Хумејд, не можеше да ги задржи солзите додека ги споменуваше настраданите од катастрофата на 6 февруари, јавува Анадолу.

Во молитвата за време на хутбата (петочната проповед) како дел од вчерашната петочна молитва (џума намаз) во Месџид-л Харам во Мека, Саудиска Арабија, имамот на Каба, шеикот Хумејд, низ солзи се помоли за милост и помош Божја за настраданите и нивните семејства, пред илјадниците верници.

Во месџидот, кој е најсветото место за муслиманите, и нивната кибла, местото кон кое се насочуваат при молитвата, задолжителната молитва пет пати на ден, имамот на Каба им посака брзо оздравување на повредените и милост Божја за загинатите.

Илјадници верници се собраа за молитва во месџид Ал Акса, третото најсвето место за муслиманите, џамијата што се наоѓа во Источен Кудс (Ерусалим), Палестина.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Кахраманмараш, погодија 11 турски области населени со над 13 милиони луѓе, уништувајќи илјадници згради.

Најмалку 39.672 лица го загубија животот во Туркије во двата силни земјотреси.

Во Сирија загинаа најмалку 3.688 луѓе, а над 14.749 луѓе се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тажна вест од Србија: На само 37 години на сон почина фудбалерот Душан Милeнковиќ

Следно

Уапсени татко и син од Скопје за семејно насилство

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop