„Има помош за живот без насилство“ – 391 жртва на насилство во првите три месеци од годината

June 27, 2025
1 min read

Само во првиот квартал од 2025 година евидентирани се 391 жртва на насилство во земјава! Жртвите се 284 жени, 53 мажи и 54 деца, покажуваат податоците од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Насилството е извршено од 286 сторители, од кои 266 мажи и 20 жени. Според видот, 221 случаи се физичко насилство, 345 психолошко, 9 економско и 2 сексуално.

За да се бори со насилството, Британската амбасада во соработка со Министерството за социјална политика и канцеларијата на УНФПА ја започнаа кампањата под слоганот „Има помош за живот без насилство“.
Министерот Фатмир Лимани апелираше до институциите да не ја гледаат малтретираната жена само како случај во папка, туку да ѝ дадат конкретна помош.

-Жените кои се чувствуваат беспомошно, сакам да им порачам – Не сте сами! Има помош, има излез, има живот без насилство! Имаш право да живееш живот без насилство, имаш право да живееш со достоинство, да сакаш без страв, да бидеш безбедна во својот дом, изјави Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.

Зм.амбасадорот на Обединето Кралство, Даниел Филер, изјави дека законот и полицијата не се доволни и дека треба да се смени менталитетот. Додаде дека заедно можеме да изградиме општество без насилство.

-Во последните 4 години соработувавме со УНФПА, претставници од министерството и партнери од институциите за да подготвиме правен кадар за подобри услуги поврзани со родово насилство. Второ, за креирање на мултисекторски протокол за услугите за преживеаните, изјави Даниел Филер, зм. амбасадор на Обединетото кралство.

Трето, за понуда на интегриран модел за собирање податоци. И под четри – што е најзначајниот резултат – заедно со Министерството за социјална политика, демографија и млади, започнавме примена на стратешки комуникациски пристап кон овој вид насилство.

Преку оваа иницијатива, институциите апелираат не само до жртвите да побараат помош, туку и до општеството да не молчи, да не го врти погледот и да реагира. Бидејќи насилството не е приватна работа – тоа е заедничка одговорност, а борбата против насилството започнува со свест, солидарност и дејствување.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Се зголемува семејното насилство: 391 нови жртви до март, повеќето жени и деца

Следно

Анкета: Само 8 % од Полјаците сметаат дека Варшава е подготвена за војна со Москва

Latest from Blog

ХАОС ВО ИТАЛИЈА – Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

Министерството за здравство на Италија денеска соопшти дека 17 од 27-те најголеми италијански градови за два дена ќе бидат во црвена фаза на аларм поради горештините, како и дека топлотниот бран што

Божиновска: Енергетската стабилност е клучна за економски развој

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како

Берзански ден во црвено: МБИ10 се намали за 0,53%, Блок-трансакција од речиси 5 милиони денари ја одбележа денешната трговија на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 23.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.651,64 поени. Во однос на претходниот

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот носи дополнителни 5,8 милијарди денари за инвестиции

Владата денеска, на предлог на Министерството за финансии, ги усвои Измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се врши усогласување на буџетските проекции со актуелните економски движења и се
Go toTop