Анкета: Само 8 % од Полјаците сметаат дека Варшава е подготвена за војна со Москва

June 27, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Само 8 % од Полјаците сметаат дека нивната земја е подготвена за евентуална војна со Русија, според анкетата на ИБРиС, пренесува Анадолу.

Анкетата покажа дека само 8 % од Полјаците веруваат дека Полска е подготвена за војна со Русија, а само 9 % сметаат дека Вооружените сили на земјата се „доволно опремени“ за таков конфликт, објави полската државна телевизија „TVP World“.

Исто така, анкетата откри дека половина од јавноста го поддржува зголемувањето на издвојувањето за одбрана, а 75 % сугерираат дека НАТО треба да го зајакне своето источно крило.

Само 12 % од испитаниците сметаат дека руски напад врз Полска е веројатен, додека 15 % го сметаат нападот врз балтичките држави како „реална можност“.

Доколку друга европска членка на НАТО биде нападната од Русија, 67 % од испитаниците рекле дека Полска треба да обезбеди помош, додека 57 % сметаат дека САД ќе ја поддржат Полска во случај на вооружена агресија од Москва.

Анкетата покажа и дека 52 % од Полјаците сметаат дека треба да ја поддржат Украина на меѓународните форуми, додека 35 % го поддржуваат продолжувањето на економската поддршка на Киев.

Поддршката меѓу Полјаците за членството на Украина во НАТО изнесува 37 %, додека 35 % ја поддржуваат кандидатурата на Киев за членство во ЕУ.

Сепак, само 15 % сметаат дека Полска треба да распореди мировни трупи во Украина доколку се постигне мировен договор, додека 64 % се спротивставија на таа идеја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Има помош за живот без насилство“ – 391 жртва на насилство во првите три месеци од годината

Следно

Ивановски полуфиналист на фјучерсот во Загреб

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop