Се зголемува семејното насилство: 391 нови жртви до март, повеќето жени и деца

June 27, 2025
1 min read

Во првите три месеци од 2025 година во земјава се евидентирани 391 нови жртви на семејно и родово-базирано насилство: 284 жени, 53 мажи и 54 деца. Од 286 сторители, 266 се мажи. Најчесто се регистрирани психолошко насилство (345 случаи) и физичко насилство (221), додека сексуалното (2) и економското (9) се поретки, покажа денеска Министерството за социјална политика на промоцијата на кампањата „Има живот без насилство“ во Скопје.

Споредбено со 2023 година, бројот на жени-жртви лани пораснал за 14,7 %. Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, истакна дека „насилството има многу лица, а секое остава рани — видливи или невидливи“. Тој им се обрати и на институциите: „Жената-жртва не е број во папка; таа бара надеж и заштита.“

Заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство, Даниел Филер, нагласи дека секој има обврска да пријави насилство, додавајќи дека овој феномен „не е само лична трагедија, туку општествен неуспех“.

Настанот го организираа Министерството, Канцеларијата на УНФПА и Британската амбасада, како дел од комуникациската стратегија за подигнување на јавната свест и охрабрување на жртвите да бараат помош.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема да бидат во парламентот, но 82 пратеници, на кои им завршува мандатот, ќе добиваат половина плата

Следно

„Има помош за живот без насилство“ – 391 жртва на насилство во првите три месеци од годината

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 24 Јануари 2026

ОВЕН Денеска може да влезете во расправија или жесток разговор. Имајте на ум дека вашата гледна точка не е единствената точна. Дури и ако сте сигурни во себе, слушајте ја и другата

Алиу: Примарната цел на законот е да ги превенира штетните последици од пушењето, а не да се казнува

„Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се

Комерцијална банка и Алкалоид доминираа со неделен промет, МБИ10 благо надолу

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 20 до 23 јануари 2026 година, на Македонската берза беа реализирани 367 трансакции со вкупен
Go toTop