Има очевидци на киднапирањето на Вања?! – Велибор и Боре: Таткото даваше информации на Палчо

October 18, 2024
1 min read

Двајца работници од Комунална хигиена ја метеле улицата Наум Наумовски Борче во критичниот моментот кога е киднапирана Вања Ѓорчевска. Со стеги биле врзани рацете и нозете на 14 годишното девојче, а на устата имало салотејп трака. Вака сведочеше денеска началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски.

„Па не знам дали тие луѓе биле обезбедени. Дали е направен обид да се стапи во контакт со нив, а тие луѓе биле критичниот момент кога возилото како што опиша началникот биле пред зградата на Наум Наумовски Борче“, порача Владимир Туфегџиќ.

Единственото место кое не е покриено со камера е излезот од зградата. На 10 метри лево и десно од зградата каде се наоѓаат и работниците веќе има покриеност. Но тие продолжуваат со работата и воопшто не се вртат. Денешното рочиште ги разјаснува трагичните настани, но фрла сенка врз улогите кои ги имале обвинетите лица.

„Нам ни беше чудно како таткото веднаш можеше да заклучи дека девојчето е киднапирано и убиено, без никакви конкретни докази. Дури велеше дека логично му било по филмовите што ги гледал“, вели Дејан Димовски.

Началникот додаде дека токму таткото ги упатувал истражителите на сомнителни лица и возила, вклучувајќи го „Рено Кангу“ кое подоцна било поврзано со осомничените. Дополнителен пресврт во истрагата донеле исказите на Велибор Манев и Боре Видевски, кои го обвиниле таткото за директна вмешаност.

„Тие ни кажаа дека токму таткото на Вања му дал на Палчо информации за тоа кога девојчето ќе биде само на денот на киднапирањето“, вели Дејан Димовски.

Еден од најемотивните моменти на денешното судење беше сведочењето за откривањето на телото на Вања. Истражителите, водени од Влатко Кекишев, го пронашле телото на девојчето во околината на местото викано „Бразда“. Кон крајот на рочиштето, потиштен и со солзи во очите сведочеше чичкото на Вања.

„Ми кажа Зорица дека Вања ја нема и дека последната локација на телефонот е кај Силбо. Јас живеам во близина и веднаш отидов со велосипед. Пребарував немаше ништо. Дојде Сашо (н.з Александар таткото на Вања) заедно со полицаец. Ми рече, „Ако е утепана Вања, ќе се отепам и јас“. Ми беше чудно однесувањето, јас му реков: Земи отепај се!“, вели Митре Лазаров.

Полицијата од родителите дознала дека Вања претходно имала обид за самоповредување, откако се скарале родителите. Се проверувала и врска со момче од Шведска, на чиј профил пак имало знамиња од ИСИС.

„Постапувале без било какви правила и стандарди за постапување во ваков случај. Секој постапувал според некое свое наоѓање. Слушнавме дека отишле во една насока со истрагата, па после застанале, па тргнале во сосема дрига насока“, вели Владимир Туфегџиќ.

Началникот потврди дека воопшто никој не добил повик со барање за откуп, а од обвинетите не се направени парафински ракавици бидејќи поминало повеќе од една недела од убиството до апсењето. Оружје со кое се извршени убиствата не е пронајдено.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Осмооделенец со нож рани соученичка во основно училиште во Суботица

Следно

Фон дер Лајен на балканска турнеја, во четврток во Скопје

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop