Илјадници сириски бегалци се враќаат дома по падот на режимот на Асад

June 2, 2025
1 min read

ИДЛИБ/ИСТАНБУЛ (АА) – По години поминати во страдање и тешки услови во бегалски кампови, илјадници сириски цивили почнаа да се враќаат во својата татковина откако во земјата се воспоставени мир и безбедност по падот на режимот на Башар ал-Асад.

Милиони Сиријци беа принудени да ја напуштат својата земја и да побараат прибежиште во соседните држави, бегајќи од масовното уништување и влошената хуманитарна криза за време на владеењето на Асад.

„Живеевме во навистина сурови услови во бегалските кампови. Но сега, фала Богу, нашата земја е ослободена“, изјави Мохамад Рахмон, кој по шест години прогонство се врати во родното село Кафар Сињах, во јужниот дел на областа на Идлиб.

„Се враќаме во нашата татковина, дури и ако е уништена“, рече тој.

Иако селото е речиси целосно уништено од воздушните напади на поранешниот режим, Рахмон планира да постави шатор врз урнатините на својата куќа – како симбол на неговата посветеност на татковината.

Ал-Реззак Мохамед, друг жител на Кафар Сињах, сведочи дека преживеале големи страдања откако во 2019 година биле принудени да ја напуштат Сирија.

„Претрпевме многу – од сурови временски услови до целосен недостиг на инфраструктура“, рече тој.

„Сега се враќаме во нашето село и покрај уништувањето. Бидејќи, колку и да е тежок животот во селото, тој е достоинствен во споредба со животот во бегство“, додаде Мохамед.

„Но задоволството и радоста од враќањето ја надминуваат тагата поради уништувањето“, рече тој.

Башар ал-Асад, кој владееше со Сирија речиси 25 години, побегна во Русија во декември, што го означи крајот на владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

Ахмад ал-Шараа, кој ги предводеше антирежимските сили во соборувањето на Асад, беше прогласен за привремен претседател кон крајот на јануари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов обид за една изборна единица – партиите начелно согласни, но секој излегува со свои предлози

Следно

МЗ потпишало договор со уште лекари од скопските клиники за лекување на повредените од Кочани

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop