Илир Мета на распит во СПАК, обвини дека првиот човек на оваа институција работи по наредба на Рама

June 13, 2024
1 min read

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, денеска е на распит во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК.

Пред да влезе во зградата, Мета одбра да не открие за кој случај е повикан, но продолжи со нападите кон Алтин Думани. Првиот човек на оваа правосудна институција го нарече „Дум Думани“, кој добива наредби од премиерот Еди Рама.

– Одам да се сретнам со Дум Думани. Дали го познавате Дум Думани? Тој е оној што не се осмелува да го отвори случајот Мекгонигал, кој е од глава до петици со Еди Рама, кој не се осмелува да го употреби името на Еди Рама, ниту во случајот со Бериша… Одам кај Дум Думани, рече тој.

Мета (55), кој беше претседател на Албанија до 24 јули 2022 година, во СПАК беше и во февруари минатата година, за да даде исказ по повеќето поднесени пријави против него, меѓу кои за перење пари и прикривање на сопственоста на зградата на партијата Движење за социјалистичка интеграција, сега Партија на слободата.

СПАК против него почна кривична постапка за лобирање во САД со 670 илјади американски долари непријавени пари на Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади, потоа за извршени естетски услуги, од страна на двајцата, во клиника во Сан Марино и Австрија, со непријавени пари.

Круемади, која е пратеничка од Партијата на слободата вчера пет часа беше на распит во СПАК во рамки на истрагата што се води за имотната истрага за неа и нејзината мајка и брат.

По напуштањето на СПАК, Круемади рече дека била прашана за проверките што се вршат за некои кривични дела како непријавување имот, прикривање или перење пари, врз основа на „лажната тужба што ја поднесе Ерион Велиај (градоначалник на Тирана)“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерство за одбрана на Туркије: Потпишани се договорите за набавка на авионите Ф-16 од САД

Следно

Ако ова е иднината на ЕУ, тогаш ЕУ има голем проблем

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop