Ако ова е иднината на ЕУ, тогаш ЕУ има голем проблем

June 13, 2024
1 min read

Преку угледни медиуми како Фајненшел Тајмс се пласира тезата дека Мелони може да се наметне како „кингмејкер“, односно личност која ќе има клучно влијание врз изборот на нов шеф на Европската комисија.

„Ако на состанокот на Г7 се разговара за иднината на ЕУ во кој било контекст, тогаш ЕУ има огромен проблем, кој не е поврзан само со фактот дека Мелони е популист и поранешен неофашист, туку  првенствено со фактот дека само три членки на Г7 се и членки на ЕУ. Италија, Франција и Германија. Нејасно е зошто на состанокот на кој гостуваат лидерите на САД, Јапонија, Велика Британија и Канада би се постигнале некакви договори за иднината на ЕУ“, пишува Гојко Дрљача.

Над самитот виси огромен облак на неизвесност на политичките кариери на учесниците.

Олаф Шолц, неговата СПД и другите членови на „семафор“ коалицијата претрпеа катастрофален пораз на европските избори и добија помалку гласови од АфД а двојно помалку од ЦДУ. Како тој ќе зборува за иднината на Европа кога во таа иднина него најверојатно ќе го нема?

Емануел Макрон исто така претрпе катастрофален пораз од Марин Ле пен (види: И Макрон оди на коцкарското „ол ин“)

„На Франција неодамна и падна кредитниот рејтинг поради екстремни фискални дефицити. На ниво на политички невкус е Макрон во оваа состојба да се позиционира како визионер на Европа. Да потсетиме дека тој најавуваше и праќање ЕУ војници да гинат против Русија“.

Британскиот премиер Риши Сунак има три недели до изборите на кои конзервативците, после долго време, најверојатно ќе бидат јако поразени.

На Џастин Трудо од Канада политичката кариера му виси на конец и тој самиот почна да емитува гласини за заминување.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида веќе наесен би можел да остане без работа.

На собирот на Г7 ја има и сеприсутната Урсула фон дер Лајен, најмногу за да лобира за себе.

Главната фаза, Џо Бајден, стои лошо на анкетите и ќе му треба чудо да го победи Трамп.

Домаќинката на собирот викна и лидери кои немаат врска ни со Г7 ни со ЕУ. Таму се бразилскиот претседател Лула, индискиот премиер Моди, принцот од ОАЕ Мохамед бин Заједа, Ердоган, Зеленки, Папата…

На хрватскиот аналитичар ваквиот кастинг повеќе му личи на чин на крунисување на Мелони како важен глобален играч отколку на целисходен самит.

„Ако иднината на ЕУ на каков било начин почне да се договара на ваков Г7, легитимитетот на таа иднина ќе биде под голем знак прашалник“, пишува Дрљача.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илир Мета на распит во СПАК, обвини дека првиот човек на оваа институција работи по наредба на Рама

Следно

Голема промена на ВАР на ЕУРО

Latest from Blog

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата

Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу Србија и САД, стратешкиот дијалог е пресвртница

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград изрази благодарност до САД за донацијата од 5,1 милиони долари за уништување на заостанатото вооружување и оцени дека предстои време на воспоставување нова ера

Македонија се поврзува со Србија преку нов гасовод: Капацитет до 160.000 кубни метри на час

Македонија и Србија направија нов чекор кон енергетско поврзување со потпишувањето на договорот за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод меѓу двете земји. Договорот го потпишаа директорот на АД „Номагас“, Недим Рама,
Go toTop