Идеја за голем парк кај Аквадуктот – „Ќе ги привлекува луѓето да искусат 2000 години историја“

May 12, 2025
1 min read

Ханес Јекл, еден од иницијаторите на граѓанската акција „Генералка Викенд“, во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека постои идеја за голем парк кај Аквадуктот во Скопје.

„Да, тоа е идеја што постои веќе подолго време. Не сме единствените кои предложија да се направи парк. Тоа има значење. Ако размислиме за развојот на градовите, тие не се развиваат во рамка од 2-3 години. Размислуваме 10 години нанапред пред да се направи голема инфраструктурна промена во една општина. Ако мислиме 10 години нанапред, мора да размислиме за местото околу Аквадуктот и каде ќе биде. Се наоѓа на крстосница, многу е блиску до Приштина, се работи за отворен простор што поврзува 3-4 општини: Карпош, Чаир, дури и Шуто Оризари и Бутел“, вели Јекл.

Како што додава, ова може да прерасне во нов центар за рекреација за десетици, можеби и за стотици илјадници луѓе.

„Исто така има природен центар, а тоа е Аквадуктот. Неколку интересни факти за Аквадуктот. Малку го истражувавме пред да пратиме кутри луѓе да го чистат. Аквадуктот е стар приближно 1500 години. Ја надживеал Римската Империја, преживеал две светски војни, Отоманската Империја и сѐ уште е тука. Ама нешто и не преживеал. Во времето на Тито таму вежбале стрелање со тенкови. Еден тенкист случајно го погодил Аквадуктот. Ама Аквадуктот го преживеал дури и тоа време. Во основа, кога зборувам во рамка на 10 години тоа е смешна бројка за Аквадуктот“, додава Јекл.

Тој порачува дека ова може да биде одличен потег за скопјани и општо за Македонија.

„Може да се создаде нешто што до сега не било направено, колку што ние знаеме, во овој дел од Европа. Еден историски споменик кој е многу значаен може да биде центарот на нешто што ќе ги привлекува луѓето, не само од Скопје и соседните општини, туку и од соседните држави до одат таму и да искусат 2000 години историја, да искусат нешто посебно што го нема во соседните држави. Имаме историја, аспекти и величина. Не треба да заборавиме дека Скопје е големо. Во регионов со 600.000 жители е најголемиот град во радиус од 200-300 км. Затоа е природен центар за трговијата, за економијата, ама и за забавата. Мислам дека ова е шанса од еколошки аспект и од рекреативен аспект, како што кажа претседателката, но и Орце, кој има развоен план и кажа дека ова би можело да биде локација за парк и рекреативен центар и можеби ќе стане место каде што ќе доаѓаат луѓе однадвор за да го искусат тоа“, вели Јекл.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јабланица на чекор до заштита – започна изработката на студијата за валоризација на природните вредности

Следно

Франција ја повика ЕУ да го преиспита договорот за партнерство со Израел

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура
Go toTop