Јабланица на чекор до заштита – започна изработката на студијата за валоризација на природните вредности

May 12, 2025
1 min read

Министерството за животна средина и просторно планирање објави дека започна процесот на изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на планинскиот масив Јабланица – прв и клучен чекор во постапката за нејзино прогласување за заштитено подрачје, во согласност со Законот за заштита на природата.

Иницијативата за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје е поднесена од општините Струга и Вевчани, месните заедници и невладини организации, а Владата на Република Северна Македонија на седница во јануари 2019 година го задолжи ресорното министерство да обезбеди средства за изработка на Студијата. Средствата се предвидени во Програмата за природа за 2025 година, а веќе е склучен и договор за јавна набавка за нејзина реализација.

Изработката ќе опфати подготовка на конечна верзија на Студијата согласно со законската рамка, креирање база на податоци за биолошката разновидност, геолошкиот диверзитет, живеалиштата, хидролошките ресурси и други природни карактеристики на подрачјето. Ќе бидат спроведени теренски истражувања, геопросторна (ГИС) обработка на податоци од национално и европско значење, како и две јавни консултативни средби за вклучување на засегнатите страни во финализирањето на документот.

Планината Јабланица претставува еден од најзначајните природни региони во земјата – веќе е дел од Емералд мрежата на подрачја од особено значење за зачувување на природата и е идентификувана како потенцијален дел од европската Натура 2000 мрежа.

Оваа студија ќе биде стручна основа за понатамошното прогласување на Јабланица за заштитено подрачје, што ќе овозможи долгорочна заштита и одржливо управување со регионот.

Министерството во 2023 година веќе финансираше и социо-економска студија за Јабланица, при што се разгледуваше можноста нејзиниот статус да се унапреди до национален парк, по примерот на албанскиот дел од масивот, кој е прогласен за национален парк уште во 2008 година.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Радев му ПРОПАДНА Референдумот за ЕВРОТО

Следно

Идеја за голем парк кај Аквадуктот – „Ќе ги привлекува луѓето да искусат 2000 години историја“

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop