И мажите од редакциите да се вклучат во информирањето за родово базираните теми

December 9, 2024
1 min read

Родово базираното насилство во Северна Македонија е комплексен проблем кој бара системски пристап и поддршка од сите општествени актери. Но, еден од најголемите предизвици останува начинот на кој медиумите известуваат за овие случаи.

Анализите покажуваат дека доминацијата на дневнополитичките теми, ограничените редакциски ресурси и недостатокот на специјализирани извори доведуваат до недоволно и површно третирање на прашањето за родовата еднаквост. Експертите предупредуваат дека сензационализмот и користењето стереотипи дополнително го поткопуваат јавниот дискурс и прават штета на жртвите, анализира МИА.

Етички стандарди и континуитет во информирањето

Марина Тунева, експерт за медиумски прашања, нагласува дека етичкото и одговорно известување може да биде значаен фактор во подигнувањето на свеста и заштитата на жртвите.

„Медиумите треба да го избегнуваат сензационалистичкиот пристап и да обезбедат континуитет во известувањето. Тоа подразбира истражување на причините за насилството, евалуација на работата на институциите и укажување на системските недостатоци“, вели Тунева.

Промените во уредувачките политики и изградбата на капацитетите на новинарите се клучни за подобрување на медиумското покривање на оваа тема.

Реформа на медиумската агенда

„Треба да се постави приоритет на родово базираните теми, а уредниците да ја препознаат нивната важност. Информирањето мора да биде сензитивно, со вклучување и на мажите во редакциите, како важен дел од дебатата“, додава Тунева.

Во оваа насока, „Водичот за мониторинг на стандардите за известување за родово базираното насилство“, издаден од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ги истакнува медиумите како клучен фактор за превенција и едукација. Одговорното известување не само што ги информира граѓаните, туку и поттикнува институциите да преземат ефикасни мерки.

Поддршка на жртвите и одговорност на медиумите

Министерството за внатрешни работи, кое редовно објавува податоци за семејното насилство, нагласува дека е важно да се заштити идентитетот на жртвите. Според нивната статистика, најголем број жртви на родово базирано насилство се жени, а најчести сторители се мажи.

„Медиумите мора да известуваат со почитување на приватноста и да ги користат информациите внимателно за да избегнат дополнително трауматизирање на жртвите“, велат од МВР.

Со учество во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство“, медиумите имаат можност да го покажат својот ангажман за елиминација на насилството врз жените.

Известувањето кое го почитува контекстот, етичките стандарди и важноста на родовата еднаквост не само што придонесува за зголемена свест, туку и помага во изградба на општество ослободено од насилство.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

По повод 10-годишнината, отворање на 4-тото издание на „Istanbul Photo Awards“ во Анкара

Следно

Бујар Османи: Се обидуваат да го урнат последниот столб од Рамковниот договор, сакаат да се врати омразата

Latest from Blog

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот

Алонсо подготвува историска промена во Мадрид

Во текот на наредните денови, Чаби Алонсо официјално ќе стане тренер на Реал Мадрид, почнувајќи од сезоната 2025/26, а мадридските медиуми веќе пишуваат за првите големи промени кои следат. Марка тврди дека

Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“

Во Градскиот парк во Скопје, по повод Денот на Европа, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше уникатен настан посветен на децата. Под мотото „Европа низ детските очи“, во Македонија

Утре во Албанија се одржуваат парламентарни избори

Албанските граѓани утре излегуваат на парламентарни избори. Изборите се сметаат за одлучувачки за демократскиот пат на Албанија, нејзината посветеност во борбата против корупцијата и нејзината аспирација за влез во ЕУ. Со повик
Go toTop