И Македонија контра Трамп – потписник на поддршката за Меѓународниот кривичен суд

February 8, 2025
1 min read

Македонија е меѓу 79-те држави кои изразија поддршка за независноста и непристрасноста на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против оваа институција.

Според објавата на Министерството за надворешни работи на Холандија, потписниците на заедничката изјава го нагласуваат значењето на Судот во борбата против неказнивоста за најтешките меѓународни злосторства.

„Судот служи како витален столб на меѓународниот правосуден систем со тоа што обезбедува одговорност за најтешките меѓународни злосторства и правда за жртвите“, се вели во документот.

Од земјите во регионот, поддршка за изјавата дале сите соседи на Македонија, со исклучок на Србија. Меѓу земјите членки на ЕУ кои не се потписници се Унгарија, Чешка и Италија.

Во заедничката изјава, потписниците предупредуваат дека санкциите на Трамп го зголемуваат ризикот од неказнивост за сериозните злосторства и го поткопуваат меѓународното владеење на правото. Исто така, се нагласува дека тие може да ја загрозат доверливоста на чувствителните информации и безбедноста на инволвираните страни, вклучително жртви, сведоци и судски службеници.

„Како силни поддржувачи на МКС, жалиме за сите обиди да се поткопа независноста, интегритетот и непристрасноста на Судот. Ние сме посветени на обезбедување на континуитетот на неговата работа за да може ефикасно и независно да ги извршува своите функции“, стои во документот.

Извршната наредба на Трамп предвидува финансиски и визни санкции против поединци кои му помагаат на МКС во истрагите против американски државјани или сојузници на САД. Овој потег доаѓа откако демократите во Сенатот ја блокираа иницијативата на републиканците за санкционирање на Судот, предложена како одговор на налозите за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана поради воената кампања во Појасот Газа.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пикот на грипот доаѓа на крајот од следната недела

Следно

Николоски: Годинава започнуваме со изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, Скопје и Охрид целосно ќе ги поврземе со автопат

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop