И ЕУ со осуда за тензиите на северот на Косово: Нема да прифатиме дополнителни провокации

1 min read

ЕУ нагласува дека нема да прифати никакви дополнителни еднострани или провокативни дејствија, а приоритет треба да бидат зачувување на мирот, а безбедноста на теренот

И Европската Унија (ЕУ) остро ги осудува судирите во кои учествуваа косовската полиција и демонстрантите на северот на Косово, иницирани од обидот на новоизбраните градоначалници да влезат во општинските згради.

„Силно изразуваме жалење за нападите врз патролите на цивилната мисија на ЕУ на Косово, Еулекс. На Еулекс мора да му се дозволи мирно да го спроведува својот мандат“, се вели во пишаната изјава на Петер Стано, главниот портпарол за надворешна политика и безбедност на Унијата.

Според ЕУ, сите страни треба да преземат акции за деескалација на тензичната ситуација и веднаш да се врати смиреноста. ЕУ нагласува дека нема да прифати никакви дополнителни еднострани или провокативни дејствија, а приоритет треба да бидат зачувување на мирот, а безбедноста на теренот.

„Како што ЕУ постојано наведува, неодамнешните дополнителни избори на северот на Косово не нудат долгорочно политичко решение за вклучените општини. Таквото решение може да се најде само преку вистински дијалог меѓу сите клучни чинители, кои ги вклучуваат Косово, Србија и заедницата на косовските Срби, со посредство на ЕУ“, пишува во соопштението.

Со остра реакција се јавија и САД чиј државен секретар Ентони Блинкен го повика премиерот Албин Курти да го смени курсот и потенцираше дека Косово постапува спротивно на советите од САД и европските партнери. Ваквите постапки, порача тој, ќе се одразат на билатералните односи меѓу Косово и Србија.

*Други поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

(ФОТО) Вучиќ го почна митингот со минута молчење, па најави дека од утре нема да биде претседател на СНС

Следно

Османи: Нема причина за предвремени избори наесен, туку за одлука – одиме кон ЕУ или остануваме во чекалната

Latest from Blog