И БСП не успеа да состави влада: Бугарија ќе оди на нови парламентарни избори, петти во две години

January 24, 2023
2 mins read

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека ја поканил Централната изборна комисија да даде повеќе информации за подготвеноста за претстојните избори врз основа на кои ќе донесе одлука за распуштање на 48. Национално собрание и датум за следните избори

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова, го врати неисполнет третиот мандат за формирање влада, точно една недела откако ѝ беше доверен од бугарскиот претседател Румен Радев, јавуваат тамошните медиуми.

ninova-radev
Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова и претседателот на Бугарија, Румен Радев/Фото: Архива

По пропаѓањето и на третиот обид за формирање влада во Бугарија од страна на социјалистите, веќе е извесно дека земјата ќе оди на нови предвремени избори – петти во последните две години.

Нинова, враќајќи му го мандатот на Радев, рече дека направиле сè што е потребно за да го исполнат, а меѓу приоритетите на маса во преговорите со евентуалните коалициски партнери биле влезот на земјата во Шенген, буџетот за 2023 година и реформи во правосудството.

„Ги поканивме сите страни на разговор. Стана јасно дека нема договор и мнозинство за формирање редовен кабинет, затоа го враќам третиот мандат“,

рече Нинова, пренесува новинската агенција БГНЕС.

Бугарскиот претседател, од друга страна, ѝ честитал за напорите и им посакал на Нинова и на нејзината партија успех на парламентарните избори.

„Од 14 часот ја поканив Централната изборна комисија (ЦИК) да даде повеќе информации за подготвеноста за претстојните избори и врз основа на овие информации ќе донесам одлука за распуштање на 48. Национално собрание и датум за следните избори“,

рече Радев.

По напуштањето на претседателската резиденција, Нинова изјави дека бугарскиот устав не одредува конкретен рок за распуштање на парламентот, но повикувајќи се на мислењата на експертите, таа рече дека тоа треба да се направи што поскоро бидејќи во спротивно би се косело со законот што ја уредува оваа проблематика.

„БСП силно ја поддржува парламентарната република како форма на владеење и остануваме на оваа позиција, не можевме да донесеме буџет за 2023 година. Подготвени сме за кампања, ќе работиме, ќе разговараме со народот“,

нагласи Нинова.

Таа посочи дека гледа замор кај граѓаните од избори и апатија кон политичкиот живот, но додаде дека тоа е и главната цел на една кампања – да се убеди народот дека е важно да се гласа.

„Ќе ги чекаме изборите и резултатите и потоа ќе одлучиме со кои партии ќе соработуваме во следниот парламент. Очекувам да има влада во следниот парламент, политичката криза премногу се продлабочи“,

истакна лидерката на БСП.

Бугарските медиуми потсетуваат дека ова беше последна можност за состав на влада во рамките на 48. Народно собрание според уставот на земјата, откако пропаднаа првите два обиди за формирање редовен кабинет.

Првиот мандат му беше доверен на Николај Габровски од коалицијата ГЕРБ-СДС, која освои најмногу пратенички места на изборите што се одржаа на 2 октомври, но недоволно за да состави влада самостојно.

Откако со 113 гласа „за“ и 125 гласа „против“ пратениците не ја одобрија неговата кандидатура, Радев вториот мандат му го врачи на академик Николај Денков од Продолжуваме со промените, кој на 9 јануари годинава на бугарскиот претседател му ја врати папката со неисполнетиот мандат.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Прашај го градоначалникот: Стефковски објави нова алатка за комуникација со граѓаните

Следно

Финска: Мора да размислиме за влез во НАТО без Шведска

Latest from Blog

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти
Go toTop