И Бобан Стефковски влегува во трката за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

June 2, 2025
1 min read

Денес 02.06.2025 година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, пратениците и советниците од општината направија увид на градежните работи за изградба на новото општинско основно училиште Крсте Мисирков.

По направениот увид, градоначалникот Стефковски и министерката Јаневска дадоа изјави за медиумите.

На прашање од медиумите упатено до градоначалникот Стефковски по однос на последната седница за тоа дали очекува да биде кандидат за градоначалник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ со оглед на тоа дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на не го потврди како кандидат за градоначалник на општина Гази Баба, Стефковски потврди дека неговото име е дел од имињата на потенцијалните кандидати за кои партијата спроведува анкети.

„ВМРО-ДПМНЕ спроведува еден транспарентен и демократски процес на номинирање на можните кандидати за градоначалници и советници за престојните локални избори. Името на кандидатот за градоначалник на Скопје ќе се знае на почетокот од месец јули. Она што сакам да го потврдам дека моето име е дел од имињата кои ќе одат на анкети за градоначалник на Град Скопје. За мене тоа претставува чест и е резултат на посветената работа и реализацијата на голем број проекти кои ги реализиравме изминатите четири години. Она што сакам со сигурност да го кажам е дека идниот градоначалник на Град Скопје ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и секако кој и да е ќе ја добие нашата поддршка и поддршката од Скопјани бидејќи Скопје заслужува сериозен развој и лик на европска метропола – изјави Стефковски.

Покрај Стефковски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кандидати се и Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода, потоа министерот за локална самоуправа Златко Перински и поранешниот градоначалник Коце Трајановски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Македоника литера“ објави фототипно издание на првото издание од 1939 година на култната книга на Кочо Рацин „Бели мугри“

Следно

Русија ја обвини Украина за масовен воздушен напад со 162 беспилотни летала

Latest from Blog

Берлин ѝ оддава почит на САД; Бранденбуршката порта осветлена во боите на американското знаме

Светлосната проекција започна на зајдисонце и траеше до полноќ. „Како симбол на единство и слобода, Бранденбуршката порта силно ги одразува нашите заеднички вредности на 4 јули“, истакна градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер,

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни
Go toTop