Хрватска: ЕУ ќе ги започне преговорите за членство со БиХ до крајот на 2023 година

August 29, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Пристапните преговори меѓу Европската Унија и Босна и Херцеговина (БиХ) се на пат да започнат кон крајот на оваа година или почетокот на 2024 година, изјави првиот човек на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман, јавува Анадолу.

„Можеме да очекуваме почеток на пристапните преговори меѓу Босна и Херцеговина и ЕУ, ако не до крајот на оваа година, што би било најдобро, тогаш сигурно на почетокот на следната година“, истакна Радман на Бледскиот стратегиски форум што се одржува во Словенија.

Босна и Херцеговина доби кандидатски статус изминатиот декември. Како што рече Грлиќ Радман, тоа испраќа силна порака, и додаде дека земјите од Западен Балкан можат да постигнат значителен напредок до 2024 година.

Вчера, во обраќањето на форумот, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ја повтори посветеноста на Блокот за проширување кон земјите од Западен Балкан до 2030 година, истакнувајќи дека ЕУ треба да биде подготвена за нови членки.

Дводневниот форум што се одржува во живописниот алпски амбиент на Бледското Езеро, е форум на претставници на политичкото, деловното и граѓанското општество од Централна и Југоисточна Европа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Serial i vlerësuar nga kritika, Poker Face, shfaqet nga 15 shtatori ekskluzivisht në SkyShowtime

Следно

Француски војник убиен во антитерористичка операција во Ирак

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop