Холандскиот министер за надворешни работи: Долго ќе трае војната во Украина

1 min read

РОТЕРДАМ (АА) – Војната во Украина ќе трае уште долго, изјави денес холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра, на неколку дена пред годишнината од руската инвазија на Украина на 24 февруари, пренесува Анадолу.

Хукстра за весникот „Алгемен Дагблад“ изјави дека и покрај веројатно долгиот судир, воената поддршка за Украина мора да продолжи.

„Мораме да се спротивставиме. Не можете да престанете да давате поддршка сега, инаку сѐ ќе биде залудно. Мислеа дека и Втората светска војна бргу ќе заврши. Не сме ниту на половина пат“, рече шефот на холандската дипломатија.

Хукстра додаде дека Украина ќе одлучи за должината на траењето на војната.

„Ние ги поддржуваме. Немате друг избор освен да испраќате оружје и опрема со месеци, можеби и години“, порача и додаде дека „на преговарачка маса ќе победи оној кој на крајот ќе надвладее на теренот“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Од утре почнува исплатата на боледувањата и породилните отсуства, Фондот за здравство го стави системот во функција

Следно

Екипа на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги чистеше паркиралиштата низ градот

Latest from Blog

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби

УЕФА ја казни Барселона

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за