Хисени: Привремено ги замрзнувам моите политички активности

August 24, 2024
1 min read

Потпаролот на коалицијата ,,Вреди”  Фари Хисени привремено ќе ги замрзне политичките активности, откако обвинителството спроведе постапка против неговиот татко за други полови дејствија.

Таткото на Хисени во раните утрински часови денеска во парк го сретнал 16 – годишно момче со кого се познавале и го повикал да разговараат .Потоа почнал да го допира со што малолетникот се извлекол и пријавил во МВР.

Хисени реагираше на својот фејсбук профил по новонастанатата ситуација.

„Длабоко сум шокиран и повреден од веста што се појави во медиумите за мојот родител. Не можам да го најдам вистинскиот збор да го опишам овој момент! Ако овие наводи се покажат точни, тоа ќе биде страшен удар, не само за мене, туку и за целото мое семејство. Само помислата дека се соочувам со ова ми ја крши душата! Како луѓе, ние сме одговорни само за нашите сопствени постапки и вредностите за кои се залагаме, но тоа не ја менува мојата решеност да дејствувам. Затоа, за да не создадам некакво недоразбирање или погрешен впечаток, решив привремено да ги замрзнам моите политички активности. Не сакам од функцијата што ја имам да изгледам дека можам на кој било начин да влијаам врз институциите кои го истражуваат ова чувствително прашање. Цел мој живот сум активист за човекови права, борејќи против неправдата и насилството. Не можам да бидам индиферентен, без разлика од каде потекнува. Исто така, во овие тешки моменти, понизно барам да се почитува приватноста на моето семејство. Ни треба простор за да се соочиме мирно со оваа ситуација, далеку од очите на јавноста.” 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дибала поради Рома одби договор вреден 75 милиони евра

Следно

Тошковски: Објавуваме војна на криминалците, нова оперативна акција фокусирана на безбедноста на Скопје

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop