Химната и грбот ги замрзнаа вработувањата на специјализантите, Таравари прво ќе решава етнички теми

February 14, 2025
1 min read

Предлогот на ВМРО ДПМНЕ, за менување на државниот грб, кој со двете раце го зграпчи министерот за здравство од редовите на Вреди, Арбен Таравари, ги стави во мирување ветените вработувања за специјализантите.

Од СДСМ велат дека и самиот Таравари вели, дека за него се приоритет етничките теми, ‘за сè друго може да се дискутира понатаму’.

„Оваа шокантна изјава на главниот политички партнер на Мицкоски, премиерот-нем набљудувач кој немо ја следи оваа состојба, е признание за целосниот дебакл на Владата да одговори на проблемите во здравствениот сектор, но и да реши било кое друго конкретно прашање кое е од интерес на граѓаните. Во отсуство на идеи и капацитет да се соочи со реалните проблеми, со децата кои умираат по клиниките, недостатокот на лекови и персонал, Таравари реши да се посвети на она што знае дека единствено може да го спаси од оваа ситуација – етничките теми и прашања. Граѓаните не се веќе наивни и овие игри одамна ги имаат прочитано. Тие бараат решенија за проблемите кои ги мачат секој ден, очекуваат помош од Владата за заштита на стандардот кој тоне, очекуваат министерот за здравство да зборува за здравство, а не да глуми патриот“, велат во СДСМ.

Според Арбен Таравари од ВЛЕН прашањето за државниот грб треба да се реши, но тоа да се направи во пакет со други отворени прашања како химната и отстранувањето на формулацијата од 20 проценти во Уставот.

„Се уште не сме ја отвориле оваа тема, но има многу неотворени теми во последните 30 години во Македонија. Мислам дека е време да се отворат некои прашања и да се решат, еднаш засекогаш. Мислам дека има повеќе теми. Непобитен факт е дека грбот и химната се меѓу ретките во постсоцијалистичките и посткомунистичките земји каде не се сменети. Значи, ние сме подготвени, зборувам во име на ВЛЕН, да ги отвориме овие разговори, но да ги решиме како пакет, некои прашања кои се нерешени со години. Тука мислам на химната,грбот, 20% во Уставот и многу други теми”, рече Таравари.

Тој денеска повторно најави дека 300 нови специјализанти ќе почнат со работа во јавните здравствени установи.

„Дваесетте јавни здравствени установи кои веќе имаат завршено нови систематизации, можат веднаш да започнат со вработување на првите 300 специјализанти, соопшти денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. Специјализантите, најмногу гинеколози и кардиолози, се дел од првата група која е планирана да биде вработена во склоп на новите реформски мерки за подобрување на здравствениот систем“, рече Таравари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реформата во правосудството е мајка на сите реформи, вели евроамбасадорот Рокас

Следно

Муцунски пред средбата со Георгиев: Треба како соседи да разговараме од гледна точка на духот на добрата верба, за прашања кои не обединуваат, да престанеме да создаваме поделби!

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop