Реформата во правосудството е мајка на сите реформи, вели евроамбасадорот Рокас

February 14, 2025
1 min read

Реформата во правосудството е мајка на сите реформи. Тоа мора да биде приоритет и цврсто верувам дека ова е основата. Откако реформите ќе бидат спроведени, корупцијата може да биде елиминирана, а довербата исто така и на инвеститорите ќе се врати и тоа е многу важно за државата да просперира, изјави вечерва во интервју за националната телевизија евроамбасадорот Михалис Рокас.

Потсетува дека експерти на ЕУ дале 40 препораки и сугестии, како и извештаи за состојбата во правосудството, а посочи и на Извештајот за напредокот на Македонија.

– Сето тоа содржи се што треба да се направи за усогласување на земјата со стандардите на ЕУ во контекст на владеење на правото. Значи, сето ова е дел од процесот. Вистина е дека има неколку препораки за составот и изборот на членовите на Судскиот совет, за разрешувањата и механизмите, но сето тоа е дел од механизмите што треба да се воведат, вклучително и новите закони што треба да се применат, рече Рокас.

Нашите препораки, додаде тој, не се насочени против одредени поединци во судскиот систем туку претставуваат низа значајни препораки кои доколку се имплементираат и законите бидат усвоени ќе овозможат зајакнување на судството и неговото независно функционирање. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сирија: Жителите на Алепо го повикаа претседателот Ал Шара да започне операција против терористите на ПКК/ЈПГ

Следно

Химната и грбот ги замрзнаа вработувањата на специјализантите, Таравари прво ќе решава етнички теми

Latest from Blog

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите
Go toTop