Хезболах нападна израелски воени локации покрај јужната граница на Либан

December 29, 2023
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Либанската група Хезболах соопшти дека вчера нападнала израелски воени локации покрај јужната граница на Либан, јавува Анадолу.

Во посебно соопштение, групата објави дека нејзините борци имале како цел „кран што носел шпионски материјали и опрема во областа Довев“.

Хезболах, исто така, рече дека неговите борци ја имале како цел израелската локација Хадаб Јарон со соодветно оружје и дека постигнале „директен удар“.

Израел утринава со истрели од тешки митралези ја гаѓаше периферијата на градот Ал Бустан од неговите позиции во непосредна близина на градот Ајта ал-Шааб, објави официјалната либанска национална новинска агенција.

Денес во голем број населби во северен Израел се огласија сирени.

„Покрај предупредувањето за упад на непријателски авион на северниот дел од земјата, ова е лажна идентификација. Нема страв од безбедносен инцидент“, се вели во соопштението на израелската Армија.

„Пред кратко време беа забележани голем број лансирања од либанската територија кон областа Довев и Барам“, додаде Армијата.

Израелската Армија ги нападна „изворите на огнот со артилерија“.

Радиото на израелската Армија соопшти дека е лансирана противтенковска ракета од Либан кон граничната област Довев, без регистриран број на жртви.

Покрај границата меѓу Либан и Израел се разгореа тензии во услови на наизменична размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах во најсмртоносните судири откако двете страни водеа целосна војна во 2006 година.

Пограничните тензии се случија во време на израелската воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен драчевец, физички ја нападнал сопругата

Следно

Пожар во гаража од куќа во Битола – сопственикот почина, едно лице во болница!

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop