Харис: Бајден е нашиот кандидат, го победивме Трамп еднаш и повторно ќе го победиме

July 3, 2024
1 min read

Потпретседателката на САД Камала Харис денеска ја отфрли идејата дека претседателот Џо Бајден треба да се повлече од изборната трка, откако демократскиот конгресмен Лојд Догет од Тексас го повика да ја напушти трката по „лошиот“ настап на дебатата минатата недела.

– Видете, Џо Бајден е нашиот кандидат. Ние еднаш го победивме (републиканскиот кандидат Доналд) Трамп и ќе го победиме повторно, точка, рече таа во интервју за Си-Би-Ес Њуз.

Таа нагласи дека е горда што е потпретседателка на Џо Бајден и одби директно да одговори на прашањето дали е подготвена да ја води земјата доколку е потребно. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати во Газа се искачи над 37.900, Израел уби уште 28 Палестинци

Следно

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ, најави процес на реформи и обединување

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop