Хамас: Управувањето со Газа е чисто палестинска работа

November 8, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Хамас денеска изјави дека управувањето со Појасот Газа е „чисто палестинска работа“, како одговор на изјавите на Соединетите Американски Држави (САД) дека тоа движење не може да биде дел од равенката за управување во таа енклава, јавува Анадолу.

„Управувањето со Газа или дел од нашата земја е палестинска работа и ниту една сила нема да може да ја промени реалноста или да ја наметне својата волја“, изјави портпаролот на Хамас, Абдул Латиф ал Кану.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, денес изјави дека Хамас не може да биде дел од равенката за управување во Газа.

„Потребна е здрава низа разговори за тоа како ќе изгледа Газа по конфликтот и управувањето“, додаде Кирби.

Абдул Латиф ал Кану го нарече повикот на Кирби за соборување на Хамас „чиста фантазија“.

„Хамас е движење за национално ослободување и живее во секој палестински дом. Хамас е составен дел од нашиот народ и има право да се спротивстави на окупацијата во согласност со сите закони и обичаи“, рече Ал Кану.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас пред еден месец.

Оттогаш, најмалку 10.328 Палестинци се убиени, меѓу кои 4.237 деца и 2.719 жени. Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел изнесува 1.600.

Освен големиот број жртви и масовното раселување, при крај се и основните резерви за 2,3 милиони жители во Газа како последица на израелската опсада



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Менкиноски: Покрај за мене, власта поднесе нови обвиненија за граѓани за истакнување на македонското знаме

Следно

Видеолотарија касинос Австрија им исплати на играчите фантастични 45 992 512 денари во октомври

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop