Грушко: Русија во мировните преговори ќе бара челични гаранции

March 17, 2025
1 min read

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко за „Известија“ изјави дека Русија во мировните преговори ќе бара гаранции од земјите на НАТО дека Украина нема да биде членка на Алијансата и оти земјата мора да остане неутрална.

– Ќе бараме челичните безбедносни гаранции да станат дел од овој договор. Една од овие гаранции е неутралниот статус на Украина, односно одбивањето на земјите од НАТО да ја примат Украина во Алијансата, наведе Грушко.

Тој го повтори ставот на Кремљ дека е против распоредување на војници од земјите-членки на НАТО во Украина како дел од меѓународните мировни сили, откако Франција и Велика Британија изразија подготвеност да испратат свои војници во мировна мисија за следење на прекинот на огнот.

– Не е важно под која ознака силите на НАТО би пристигнале во Украина: било да е тоа Европска Унија, НАТО или национален капацитет. Доколку се појават таму, тоа ќе значи дека тие се распоредени во зоната на конфликтот со сите последици за овие контингенти како страни во конфликтот. Можеме да зборуваме само за распоредување невооружени набљудувачи, цивилна мисија која ќе го следи спроведувањето на одредени аспекти од договорот или механизми за гаранција откако ќе се постигне договор. Дотогаш, сето тоа е само воздух, посочи Грушко.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додека Македонија тагува, мото собир на паркингот кај СЦ „Борис Трајковски“

Следно

АНАЛИЗА: МОМЕНТ НА ПРОМЕНА И РУШЕЊЕ НА ДЕВАСТИРАНИОТ СИСТЕМ –  Македонија мора да извлече поука од оваа трагедија! 

Latest from Blog

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко
Go toTop