Груби не демантира дека го користел опожареното возило и дека инцидентот е порака до него

July 22, 2023
1 min read

Му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија – пишува вицепремиерот на Фејсбук и не негира дека „аудиото” (кое се води на име на пријателот) го користел тој

Од МВР претходно за „360 степени“ рекоа дека лицето што пријавило во полиција е сопственикот Б.Л. и дека немаат сознанија за поврзаност на возилото со Груби

По веста за опожареното возило во скопската населба Чаир со објава на Фејсбук се јави првиот вицепремиер Аратн Груби, во која не демантира дека тој приватно го користел „аудиото”, иако се води на име на друго лице. Во постот, Груби вели дека станува збор за негов пријател.

Вицепремиерот признава и дека инцидентот е порака до него.

Фото: ТВ Алсат

„Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија. Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија. Во политиката сум за да служам и да оставам трага со работа и дела, а не да ми се тероризира семејството, соседите и пријателите”,

пишува Груби.

Нападите, како што вели, смета дека се резултат на неговата работа.

„Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните. Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите. Изразувам благодарност до сите мои соседи како и до безбедносните сили и нивните напори да го решат синоќешниот напад”,

вели вицепремиерот.

Претходно, во полицискиот билтен беше објавено дека „денеска (22.7.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул. ‘Струмичка’ настанал пожар во патничко возило ‘ауди’ со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л. (35) од Скопје”.

Откако ТВ Алсат, а потоа и други медиуми, објавија дека иако е на друго име, автомобилот приватно го користи Груби, „360 степени” се обрати до МВР со прашање за поврзаноста на инцидентот со првиот вицепремиер.

Од МВР за „360 степени“ рекоа дека лицето што пријавило во полиција е сопственикот на возилото Б.Л. и дека немаат сознанија за поврзаност на возилото со Груби.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Вон контрола шумскиот пожар на грчкиот остров Родос

Следно

Грција се соочува со најтоплиот викенд во последните 50 години

Latest from Blog

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop