Грција: Во шумското подрачје зафатено со пожарите пронајдено уште едно тело

August 25, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Шумските пожари што траат од 19 август во различни делови на Грција, особено во регионот на Александрополис и Еврос (Марица), сѐ уште не се ставени под контрола, пренесува Анадолу.

Во шумското подрачје зафатено со пожарот пронајдено е тело за кое се претпоставува дека е на нерегуларен мигрант.

Според информациите на грчката државна телевизија ЕРТ, утрово било пронајдено изгорено тело во шумското подрачје кај селото Лефкими.

Се смета дека телото, кое е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина, е на нерегуларен мигрант што се обидувал преку реката Еврос (Марица) да премине во Грција.

Пожарите што траат од 19 август сѐ уште не се ставени под контрола, но нивното дејство е намалено.

На подрачјето на Виотија пронајдени се тела на пастир и нерегуларен мигрант.

Телата на 18 лица, меѓу кои и на две деца, беа пронајдени на 22 август во шумското подрачје Дадија, а најверојатно се на нерегуларни мигранти што се обидувале да преминат во Грција.

За седум дена, колку што беснеат пожарите, животот го изгубија 21 лице.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФИЛМОТ ЗА МАЈКА ТЕРЕЗА НА ТЕОНА МИТЕВСКА ДОБИ 600.000 ЕВРА НА КОНКУРСОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

Следно

Вечерва во 10 МИНУТИ интервју со премиерот Димитар Ковачевски

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop