Грција: Пожарот стигна до предградијата на Атина

July 27, 2023
1 min read

РОДОС (АА) – Шумските пожари денес стигнаа до предградијата на Атина, пренесува Анадолу.

Силниот ветер предизвика ширење на пожарите низ Грција, а имаше и прекини во сообраќајот на автопатот и железничкиот сообраќај.

Пожарите се активни низ Грција веќе две недели. Пет лица загинаа, а се урнаа два канадера.

Поради пожарот, за време на викендот илјадници туристи беа евакуирани од островот Родос.

Хеликоптери од воздух и пожарникари од земја го изгаснаа пожарот утринава во Кифисија, северно од Атина. Пожарот брзо е изгаснат.

Во близина на Волос избувна пожар во две области, затворајќи дел од најпрометниот автопат во Грција на неколку часа, додека услугите на националната железница што минува низ тоа подрачје се запрени.

Пожарникарите веќе десетти ден се борат со пожарот на Родос, а активен е пожарот и на островот Евија.

Во Атина, високи претставници им оддадоа почест на двајцата пилоти што загинаа при падот на канадерот оваа недела.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Билансот од ковид и вакцините кај германските деца

Следно

Американскиот државен секретар разговараше со претседателот на Нигер

Latest from Blog

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти
Go toTop