Американскиот државен секретар разговараше со претседателот на Нигер

July 27, 2023
1 min read

ДУАЛА (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес разговараше со претседателот на Нигер, Мохамед Базум, кој моментно се спротивставува на обидот за државен удар организиран од воена фракција, и ја изрази поддршката на Вашингтон за демократијата во таа западноафриканска земја, јавува Анадолу.

„Му кажав за нашата поддршка за демократски избраниот претседател на Нигер. САД ги осудуваат напорите за насилно соборување на уставниот поредок на Нигер и нагласуваат дека нашето партнерство зависи од стремежот кон демократско владеење“, напиша Блинкен на Твитер.

Во Нигер, доцна синоќа, војници се појавија на националната телевизија и најавија соборување на претседателот Базум. Тие се нарекуваат Национален совет за домашна безбедност (CLSP).

Според соопштението на полковник-мајорот Амаду Абдрамане, Базум бил разрешен, а Уставот бил суспендиран поради влошената безбедносна ситуација во земјата и социоекономската криза.

„Полициски час ќе биде воведен меѓу 22 и 5 часот по локално време, а сите граници се затворени“, се додава во соопштението.

Неколку африкански и западни лидери, како и Обединетите нации, ги осудија актуелните настани во Нигер, повикувајќи ги војниците вклучени во обидот за пуч да се вратат во своите касарни.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, разговараше и со Базум, за кого се наведува дека е во добра здравствена состојба под заштита на Националната гарда, која е подготвена да ги нападне припадниците на претседателската гарда вклучени во обидот за пуч.

„Тешко заработените придобивки ќе бидат зачувани. Сите Нигерци кои ја сакаат демократијата и слободата ќе се погрижат за тоа“, напиша Базум на Твитер денес.

Привремениот премиер на Нигер, Хасуми Масуду, го осуди обидот за државен удар, зборувајќи денес за „Франс24“ дека пучистите не чекале да заврши процесот на посредување започнат во средата од Махамаду Исуфу, претходникот на Базум, и нигерискиот претседател Ахмед Тинубу, кој е и претседател на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS).

„Нигериска делегација пристигна да посредува, како и поранешниот претседател Исуфу. Сепак, пред да се заврши посредувањето пучистите прогласија преземање. Веруваме дека не постои свршен чин: легалната и легитимната моќ е на Базум. Дојде до обид за пуч што не можеме да го прифатиме“, изјави Масуду.

Според неговите зборови, во пучот не била вклучена целата војска, како ниту началникот, кој не се огласи.

Во главниот град Ниамеј денес беше мирно по продемократските протести претходниот ден.

„Спиев многу малку во текот на ноќта, што е нормално со оглед на околностите. Утринава останав дома бидејќи ни рекоа да не излегуваме. Нашата организација нѐ советуваше да не излегуваме. Работиме од дома. Но релативно е мирно“, изјави телефонски за Анадолу локален жител, кој не сакаше името да му биде изнесено во јавност поради лична безбедност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Грција: Пожарот стигна до предградијата на Атина

Следно

Се пензионира легендарен шпански фудбалер, до пред една недела не размислувал за тоа (ВИДЕО)

Latest from Blog

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

ХАОС ВО ИТАЛИЈА – Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

Министерството за здравство на Италија денеска соопшти дека 17 од 27-те најголеми италијански градови за два дена ќе бидат во црвена фаза на аларм поради горештините, како и дека топлотниот бран што

Божиновска: Енергетската стабилност е клучна за економски развој

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како

Берзански ден во црвено: МБИ10 се намали за 0,53%, Блок-трансакција од речиси 5 милиони денари ја одбележа денешната трговија на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 23.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.651,64 поени. Во однос на претходниот
Go toTop