Како што соопштија од Министерството за животна средина и енергетика на Грција, врз основа на меморандумот, двете земји се стремат кон: зголемување на преносниот капацитет на националните системи за електрична енергија и природен гас, како и изградба и проширување на мрежите за пренос на водород; оптимизирање на производството на обновлива енергија во поширокиот регион на ЈИ Европа; продолжување на процесот на дигитализација на електроенергетските мрежи за управување и балансирање на системите на двете земји, како и промоција на заеднички проекти од европски и регионален интерес, со цел транзиција кон климатски неутрална економија.

Билатерална средба на министрите Скилакакис и Радев, како и потпишувањето на Меморандумот, беа на маргините на министерскиот состанок на Групата на високо ниво за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), што денеска и утре се одржаува во Атина.