Грчките медиуми јавуваат дека убиениот е Орхан Бајрами, а ранетиот е Сеад Слезовиќ

July 15, 2023
1 min read

Орхан Бајрами починал од повредите, а Сеад Слезовиќ е пренесен во болницата во градот Полигирос.

Дел од грчките медиуми информираат дека жртви во нападот што се случи рано изутрината околу 3 часот во Ханиоти се 39-годишниот Бајрами и неговиот 45-годишен пријател Слезовиќ. Сѐ уште има две верзии за случувањата – едната е дека маскирани лица упаднале во нивниот апартман, а другата е дека биле сочекани пред влезот, при што врз нив биле испукани дваесетина куршуми.

Кај Бајрами била констатирана смрт, а Слезовиќ бил префрлен во болницата во Полигирос.

Терминот кој грчките медиуми го користат за да го опишат настанот е „егзекуција“. Инаку, Орхан Бајрами го портретираат како бизнисмен во сферата на казината и производството на пијалаци.   

Во минатото името на Бајрами се поврзуваше со криминални кланови и со пресметки во скопското подземје.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници

Следно

Италија: Црвен аларм во 15 града поради топлотните бранови за време на викендот

Latest from Blog

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија. На средбите ќе се

Вкупниот промет на Македонската берза над 21,4 милиони денари, МБИ10 порасна 2,60 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.044,58 поени. Во однос

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас
Go toTop