„Граѓаните сакаат големи плати а не држави“ – Селмани: Ниту еден закон и Устав не се вечни

August 20, 2023
1 min read

реклама



За граѓаните без разлика на етничката припадност, поважно е да живеат во држава во која има високи плати, подобар животен стандард и правда. Вака изјавил Имер Селмани, поранешен политичар и кандидат за претседател на државата за РСЕ. Вели дека сонот за големи држави не постои кај совесните граѓани.

„Најголема суштинска потреба на граѓаните е да се чувствуваат безбедни од правен аспект, да се чувствуваат рамноправни што кога ќе одат во  државната администрација со било кое барање, за мало или големо прашање, да се третираат исто како и секој друг граѓанин, без разлика на која општествена класа припаѓа, ако е политичар, бизнисмен или обичен работник, или кога одат во суд, во обвинителство или во полиција. Мислам дека итна потреба на граѓаните сега е да се почувствуваат дека не се правно дискриминирани, тоа е прво – правна сигурност. Втората работа е секако подобар и повисок животен стандард“, вели Имер Селмани.

реклама

И токму оваа еднаквост меѓу граѓаните, според него, носи потреба од законски измени, па дури и според Селман, дури и на Уставот, бидејќи еволуција секогаш има.

„Ниту уставот на било која  земја е вечен, ниту законите се вечни, така што секогаш целта е за подобар напредок, за повеќе права. И Македонците имаат право да бараат повеќе права, и Албанците секогаш имаат право да бараат повеќе права. Сепак, живеењето во заедница е како да живеете во дома со деца и жена и секогаш ќе завршите да барате компромиси. Така, сега после 22 години имаме ситуација кога добар дел од општеството е задоволен, но имаме и несреќни луѓе, без разлика дали се поединци, поголем или помал процент, дали се политичари, тоа е работа која допрва ќе еволуира“, додава Имер Селмани.

реклама

Според Селмани, наша судбина е да живееме во мултиетничка држава во која понекогаш се чувствуваме поудобно, а некогаш не, но сепак нагласува дека граѓаните знаат да го ценат она што е добро без да се основаат на етничка припадност.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА АКТЕРОТ ВЛАДИМИР ЕНДРОВСКИ-ЉАЦ

Следно

ПМФЛ: Нов пораз на Вардар,триумф на Шлендија

Latest from Blog

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се
Go toTop