Граѓаните на кумановската населба Зелен Рид без вода поради дефект на главната водоводна цевка

May 26, 2024
1 min read

Поради дефект на главна водоводна цевка „Ф 300“, без вода се жителите на кумановската населба Зелен Рид.

– Дефектот на главната одводна мрежа „Ф 300“ се случи утрово пред основното училиште „Кочо Рацин“. Се работи за „салонит“ цевка. Овој дефект не е поврзан со проблемот што го имавме мината недела, поради обилните дождови во липковско. Во текот на денот се очекува целосно санирање на дефектот, екипите веќе се на терен, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојамновски.

Граѓаните на Куманово и претпријатието ја очекуваат и последната трета анализа на земените мостри од водата за пиење. Водата треба да се користи како техничка сè до конечна потврда од центарот за јавно здравје Куманово, кажаа претходно од ЈП „Водовод“ и од општинскиот штаб за заштита и спасување.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неколку илјади Шпанци протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“

Следно

Слики на преглед!

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop