Слики на преглед!

May 26, 2024
1 min read

Владите на ЕУ наскоро би можеле да ја поддржат доста контроверзната Регулатива за сексуална злоупотреба на деца (CSAR), колоквијално позната како „контрола на четот“, врз основа на новиот предлог на белгискиот министер за внатрешни работи. Според протечени податоци до кои дојде европратеникот од Пиратската партија, тоа би можело да се случи веќе во јуни.

Предлогот наложува дека корисниците на апликациите за комуникација мора да се согласат сите слики и видеа што ги испраќаат да бидат автоматски скенирани и потенцијално пријавени во ЕУ и полицијата.

Согласност ќе се добие преку текст за „услови за користење“или поп-ап порака. За да биде ова можно, и кај безбедните шифрирани услуги за пораки од „човек до човек“ ќе треба да се имплементира “бекдор“ мониторирање, што во суштина е крај на приватните пораки.

Во белгискиот предлог ова се нарекува „модерирање на аплоудот“ што било различно од досегашната фраза „скенирање на клиентот“. А не е.

Корисниците кои одбиваат да се согласат на условите ќе можат да испраќаат само текстуални пораки а ќе им биде забрането да споделуваат слики и видеа.

„Користењето месинџер услуги само за текстуални пораки не е опција во 21-от век. Милиони приватни разговори и приватни фотографии на невини граѓани ќе се пребаруваат со недоверлива технологија, а потоа можат да протечат дури и кога засегнатите корисници ни оддалеку не се поврзани со сексуална злоупотреба на деца. Ова ќе ја уништи нашата дигитална приватноста на кореспонденцијата. Нашите голи фотографии и семејни фотографии би завршиле кај непознати луѓе во чии раце не припаѓаат и кај кои не се безбедни“, оценува Патрик Брејер, жесток противник на контролата на разговорите.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓаните на кумановската населба Зелен Рид без вода поради дефект на главната водоводна цевка

Следно

„ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ НА НЕБОЈША СЛИЈЕПЧЕВИЌ Е ПРВИОТ ХРВАТСКИ ФИЛМ КОЈ ОСВОИ ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАН

Latest from Blog

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,
Go toTop