Во Босна и Херцеговина денеска почнува дводневен бојкот на продавниците, инициран од неформална група граѓани.
Групата повика на бојкот преку социјалните мрежи како одговор на постојаниот раст на цените на основните прехранбени производи, и покрај најавите од владите на двата автономни региони за мерки за нивно ограничување.
Бојкотот не се однесува само на супермаркетите, туку и на бензинските пумпи и угостителските објекти.
Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина најави дека ќе донесе одлука за „замрзнување на цените“ на вкупно 50 производи, додека владата на Република Српска најави зголемени инспекции и санкции за трговците на мало за неоправдано поскапување.
Федералниот министер за трговија Амир Хасичевиќ во вторникот изјави дека владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина планира да ги намали цените и да ги задржи пониски за најмалку 50 основни прехранбени производи, во обид да ги намали вкупните трошоци за живот на граѓаните.
Минатиот петок граѓаните на БиХ одржаа иста акција.
Извор: kurir.mk