Јаневска за дојавите за бомби: Училиштата да постават физичко обезбедување

February 7, 2025
1 min read

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани од МОН, и со двојна автентикација. Препорачуваме секаде во училиштата согласно можностите, да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видео надзор. Самите училишта да бидат претпазливи кој и како влегува во објектите, изјави министерката за образование Весна јаневкса на денешната прес-конференција.

„По дојавите за поставување на експлозивни направи во основните и средни уличипта низ државата, утрвово во координација со повеќе институции формиравме меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата и секако преземање на мерки за одржување на безбедноста во училишните објекти на соодветно ниво“, посочи Јаневска и додаде дека како што е веќе соопштено сите дојави се лажни.

„Направени се проверки во училишните објекти а учениците се вратени на настава. Благодарам на полицијата и на сите други служби за посветеноста и брзата интервенција кон најмладите и истовремено жалам што некој се поигрува со нашите деца и ја вознемирува јавноста. Училиштата во случај на понатамошни дојави за експлозивни направи треба веднаш да пријават во МВР и да ги следат упатствата и протоколите кои ќе ги добијат од стручните лица од министерството“, посочува Јаневска.

Денеска на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи, соопштија од МВР и најавија повеќе информации за текот на денот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски за дојавите за бомби во училиштата: Хибридни напади, директорите и полицијата ќе добијат протокол

Следно

РКЕ: ЕВН Хоме е должен да ги коригира сметките за домаќинствата со првпат фактурирана потрошувачка во четврт блок

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop